Helikopter
Фото: ЕПА

Најмалку две лица загинаа кога утринава се урна руски хеликоптер „Ми-8“ со работници во областа Магадан, соопштија од итните служби.

– Хеликоптерот „Ми-8“ превезуваше 20 работници од еден од рудниците во регионот Магадан. Се урна. Две лица загинаа, а судбината на другите не е позната –  соопшти службата за итни случаи.

Главните причини за несреќата се технички дефект и грешка на пилотот при тешки временски услови.

Според прелиминарните податоци, при изнесувањето на работниците во областа на несреќата имало тешки временски услови, па опремата не издржала, а се размислува и за човечкиот фактор, прецизираат од Итната помош.