Здрава храна
Цејлонскиот цимет е широко користен низ светот, но тој е многу повеќе од обичен зачин затоа што има и лековити својства. Цејлонскиот цимет е богат со хранливи состојки и витамини, вклучувајќи ги витамините Б, А и К, како и калциум, магнезиум, железо, фосфор и антиоксиданти холин, лутеин, ликопен и каротин. Благодарение на неговите лековити состојки, циметот може да ни помогне да спречиме и потиснеме многу здравствени проблеми со кои се соочуваме, особено во текот на зимата.
Прв е неговиот антибактериски ефект. Цинамалдехидот, кој се наоѓа во цејлонскиот цимет, ефикасно помага во борбата против бактериите и габичните инфекции, како и во спречување на болестите на црниот дроб, жолчното ќесе и респираторните органи. Консумирањето на овој цимет исто така го намалува лошиот здив предизвикан од микробите, бидејќи има антибактериско дејство.
Циметот има и антиоксидантно дејство. Цејлонскиот цимет содржи големи количества феноли и флавоноиди што имаат антиоксидантно дејство. Тие помагаат да се заштити телото од штетните ефекти на слободните радикали. Тоа својство е корисно за одржување на младоста и убавината на кожата и за заштита на телото од предвремено стареење.