Поранешниот министер за здравство Фатмир Меџити ги коментираше случувањата во Алијанса за Албанците, во вечерашното гостување во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ21, нагласувајќи дека легитимен претседател на партијата е Арбен Таравари.
– Легален и легитимен претседател на Алијанса за Албанците е Арбен Таравари. На крајот на краиштата, не е битно на кого судот ќе го додели печатот, туку со кого е народот – нагласи Меџити.
Централно собрание на Алијанса за Албанците изминатиот викенд донесе иницијатива за разрешување на Таравари од претседателската функција во партијата. Таравари потоа преку Фејсбук порача дека судот ќе одлучи кој ќе ја води Алијанса за Албанците.