Фото/Илустрација: Пиксабеј

Земјотресот што утрово ја погоди Албанија, бил почувствуван од населението во Охрид и Кичево.

Од Сеизмолошката опсерваторија информираа дека поресот се случил во 6.32 часот, со епицентар на 130 километри југозападно од Скопје, во соседна Албанија, со Рихтерова локална магнитуда 3,6 степени.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југозападниот дел од државата и тоа во Охрид и Кичево со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

Засега нема информации за штети.