На местото нов в.д. директор на ЈП Водовод и Канализација е назначен Виктор Панчевски, информираат од Град Скопје.
-Панчевски доаѓа на позицијата како професионалец од јавното претпријатие Паркови и зеленила, со силна биографија кој значително може да придонесе во унапредување на работата на јавното претпријатие. Во наредниот период ЈП Водовод и канализација, реализира сериозни проекти за кои неопходен е нов начин на менаџирање со претпријатието – информираат од Град Скопје.