Фото: ЕПА

Голот на Миовски беше за водство на Абердин, на дуелот со водечкиот тим сезонава. Тоа е негов 19-ти погодок сезонава во сите клупски натпреварувања, пишува „Би-би-си“, кој го прогласи и за играч на натпреварот

ФУДБАЛ – ШКОТСКА

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски го постигна 12-от гол сезонава во дресот на Абердин во првенството на Шкотска, на дуелот со актуелниот првак Селтик, 1-1, на свој терен, во 24. коло на шампионатот на Шкотска.
Голот на Миовски беше за водство на Абердин со 1-0, во 50. минута од натпреварот (Селтик израмни во 63. минута). Тоа е негов вкупно 19-ти погодок сезонава во сите клупски натпреварувања, пишува „Би-би-си“, кој го прогласи Миовски за играч на натпреварот.
Миовски, кој во минатата сезона постигна 16 гола во Премиер-лигата на Шкотска, сезонава е втор стрелец во домашниот шампионат со 12 погодока, а има и две асистенции.
На табелата, Селтик остана на врвот, сега со 58 бода од 24 меча, пред Глазгов ренџерс со 55 бода од 23 натпревари, Хартс со 45 од 24 меча…, а Абердин е осми со 25 бода од 22 средби. Во следното коло на Премиер-лигата, Абердин утре гостува кај Глазгов ренџерс. Н.М.