САД се ангажирани во тековните „процеси на планирање“ за тоа како најдобро да се унапреди формирањето на палестинска држава, изјави денеска портпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер, но нагласи дека тоа не ретставува промена на политиката.
– Да, ние активно се залагаме за формирање на независна палестинска држава со вистински безбедносни гаранции за Израел – изјави Милер за новинарите во Вашингтон, пренесува „Ерусалим Пост“
– Ние го поддржуваме формирањето на независна палестинска држава и работиме многу во владата за да смислиме како да го постигнеме тоа – рече Милер, додавајќи дека повеќето опции се неспроведливи.
Тој, исто така посочи дека САД го покренале пред Израел прашањето за создавање тампон зона во Појасот Газа, додавајќи дека Вашингтон се противи на какво било намалување на големината на Појасот Газа.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен му наложи на американскиот Стејт департмент да подготви кадар што ќе ја испита можноста за американско и меѓународно признавање на државата Палестина ден по војната во Газа, објави претходно хебрејската веб-страница, која се повика на двајца високи претставници на американската администрација.
Блинкен, исто така, побарал од Стејт департментот да достави предлози за тоа како би можела да изгледа „демилитаризирана палестинска држава“ врз основа на различни модели од целиот свет, изјави официјален претставник.
Постојат неколку опции за американско дејствување во оваа насока, се истакнува во извештајот на Вала, кои се движат од одлука за американско признавање на палестинска држава до одлука да не се стави вето на одлуката во Советот за безбедност на ОН за прифаќање на Палестина како полноправна членка на организацијата и охрабрување на други земји на Запад да ја признаат палестинската држава.