На половина од турнирот на водечките им се приклучи и Гукеш
ШАХ – ТУРНИР ВО ВАЈК АН ЗЕ
Узбекистанскиот велемајстор (ВМ) Нодирбек Абдусаторов (2.727 рејтинг-поени) го победи ланскиот лауреат, Холанѓанецот Аниш Гири (2.749), во 60-от потег во т.н. Петрова одбрана, и го стигна на врвот на табелата по седмото коло на традиционалниот и еден од најстарите турнири во светот, во холандски Вајк ан Зе. Тоа го искористи и ВМ од Индија, Домарају Гукеш (3.725), кој ја доби партијата со Холанѓанецот Макс Вармердам (2.625), па, така, сега сите тројца на половина од турнирот имаат по 4,5 поени.
Индиецот Гујрати Видит (2.742) го победи Французинот Алиреза Фирузја (2.759), а преостанатите партии од ова коло завршија без победник, и тоа дуелите на актуелниот светски првак, Кинезот Динг Лирен (2.780) со неговиот сонародник Ји Веи (2.740), во 32-от потег, потоа Индиецот Рамешбабу Прагнанада (2.743) со Холанѓанецот Жорден ван Форест (2.682) и Иранецот Пархам Магсодло (3.740) со Русинот Јан Непомнијашчи (2.769). Единствената шахистка на овој турнир, Венјун Ју (3.549) од Кина, ремизира со Германецот Александар Донченко (2.643).
Табела по 7. коло: Абдусаторов, Гукеш и Гири по 4,5 поени, Прагнананда, Видит и Фирузја по четири, Веи, Лирен, Вармердам и Непомнијашчи по 3,5, Ју три, Ван Форест 2,5, Магсoдло и Донченко по два. Г.И.