Денеска околу 18 часот и 5 минути во СВР Тетово било пријавено дека пред влезот на Ургентен центар во тетовската клиничка болница било пукано во две лица од тетовското село Гајре, кои се здобиле со прострелни рани, информираа од Министерство за внатрешни работи.
-Служби на СВР Тетово и јавен обвинител се на лице место и се преземаат мерки за пронаоѓање на пет лица, кои се сомничат во врска со случајот. Инаку, на овој случај денеска, исто така, му претходела физичка пресметка помеѓу еден од ранетите и еден од осомничените за учество во пукањето. Се работи на расчистување на случајот – велат од МВР.