АТЛЕТИКА

Дарио Ивановски од АК Коранерс и Дрита Ислами од АК Работнички се најуспешни атлетичар(к)и на Македонија за годинава, во изборот на Атлетската федерација на Македонија (АФМ).
Ивановски на маратонот во Валенсија (Шпанија) постави нов македонски рекорд (2:11:53 часа), што е близу седум минути подобро време од неговиот претходен рекорд. Ислами, пак, во Софија (Бугарија), истрча нов македонски рекорд (55,95 секунди) на 400 метри со пречки во сала.
Огнен Стефановски од АК Делта и Ана Божиновска од АК Центар се најдобри младинци, додека Теа Алексовска од АК Куманово и Брајан Авиа од АК 7 Мај се најдобри млади младинци. За најуспешен клуб во 2023 година е прогласен Делта од Скопје. Г.И.