Во Италија денеска се забележани температури под просек за овој период на годината, со силен ветер и снег на високите предели.
Тројца планинари беа „заробени“ во снег во високите подрачја на Фурланија, но подоцна се спасени.
Во Фурланија во сила е предупредувањето поради силниот ветер, а снег падна на Алпите, но и во Аоста, град во северниот дел на Италија.
Поради лошото време затворени се училиштата на Сардинија, а во сила е портокалово предупредување во Кампанија. Портокалов метео аларм е издаден и за Лацио.