Од годинашните полуфиналисти, Франција е актуелен олимписки шампион, Норвешка е актуелен светски првак, Данска е актуелен европски вицешампион, а Шведска беше четврта на ЛОИ 2020 и петта на СП 2021 и на ЕП 2022. Новиот светски шампион ќе се пласира на ЛОИ 2024, но од полуфиналистите од претходно настап обезбедија Франција и Норвешка
СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ЗА РАКОМЕТАРКИ
Данска – Норвешка (17.30 часот) и Шведска – Франција (21 ч.) се полуфиналните двојки денеска, од кои победниците в недела ќе играат во финалето на Светското првенство (СП) во ракомет за жени, кое се одржува во Данска, Шведска и во Норвешка. По Франција и Норвешка, кои први обезбедија пласман, во полуфиналето се и Шведска и Данска. Со тоа трите домаќини и олимпискиот првак Франција ќе играат за распределба на медалите. Норвешка, Франција и Данска играа во полуфиналето и на СП 2021, кога меѓу четирите најдобри беше Шпанија.
Од годинашните полуфиналисти, Франција е актуелен олимписки шампион, Норвешка е актуелен светски првак, Данска е актуелен европски вицешампион, а Шведска беше четврта на Летните олимписки игри (ЛОИ) во 2021 година и петта на СП 2021 и на Европското првенство (ЕП) лани.
Шведска ја победи Германија со 27-20 во четвртфиналната средба. Победата беше најавена по првите 30 минути, кога Швеѓанките поведоа со 7-0, а на одмор се отиде со 10 гола предност (16-6). За Шведска ова е само второ полуфинале на СП, откако ја пропушти можноста да го стори тоа по поразите во претходни четвртфинални дуели во 2019 и во 2021 година. Единствениот пат играше во полуфинале на СП во Германија во 2017 година, кога токму од сегашниот противник Франција загуби во полуфиналето со 22-24.
Во вториот четвртфинален дуел во средата, Данска ја победи Црна Гора со 26-24 (13-10). Данска, која го играше мечот на свој терен во Хернинг и пред 11.031 гледачи, деветти пат е меѓу четирите најдобри репрезентации на мундијалите, а вторпат во низа, откако беше на третото место и го освои бронзениот медал на претходното СП, во Шпанија, во 2021 година. Норвешка и Франција по петти пат во низа истовремено се полуфиналисти на СП.
Новиот светски шампион ќе се пласира на ЛОИ в година во Париз, но од полуфиналистите од претходно, настап на Игрите обезбедија репрезентациите на Франција (како домаќин) и на Норвешка (како европски првак).
Во мечевите за пласман за од петтото до осмото место денеска ќе играат Германија – Чешка (11.30 ч) и Црна Гора – Холандија (14.30 ч.). Г.И.