Северна Кореја денеска соопшти дека секое мешање во нејзините сателити ќе го смета за објава на војна. Пјонгјанг ќе одговори на секој обид на САД да ги попречат операциите на сателитите со тоа што ќе влијае на функционирањето на американските разузнавачки сателити, изјави портпарол на Министерството за одбрана на Северна Кореја, цитиран од севернокорејската новинска агенција KЦTA.
– Доколку САД ги прекршуваат правата на една суверена држава користејќи ја најновата технологија како оружје на нелегален и неправеден начин, Демократска Народна Република Кореја ќе размисли за преземање одбранбени одмазднички акции, така што ќе влијание или ќе го елиминира функционирањето на американските шпионски сателити, рече севернокорејскиот претставник.
Северна Кореја објави дека го лансирала својот прв разузнавачки сателит на 21 ноември.
Претставник на американските вселенски сили, како одговор на прашањето дали Вашингтон може да ја наруши разузнавачката активност на севернокорејскиот сателит, рече дека САД можат да влијаат на вселенските капацитети на непријателските земји преку низа различни средства, пренесе американското Радио Слободна Азија.