Фото: Маја Јаневска-Илиева

Поранeшнаta шефица на обвинителството за борба против организиран криминал Вилма Русковска едногласно беше разрешена од Советот за јавни обвинители.

Обвинителката Ивана Трајчева пак е казнета шест месеци со 30 отсто пониска платата откако Советот на јавни обвинители го прифати предлогот на дисциплинската комисија која отври постапка на барање на јавниот обвинител Љубомир Јоврвски.

Постапката следеше откако беше констатирано дека обвинителките Русковска и Трајчева, но и Елизабета Јосифовска сториле законски повреди во постапката за истрагата и упадот во финансиската полиција тогаш предводена од Арафат Муареми кој што, пак, потоа си поднесе оставка.

Русковска во периодот до одлука на советот беше суспендирана од обвинителската функција, а во обвинителството за борба против организиран криминал ја наслефи Ислам Абази.