Малолетник утрово во 08.15 часот пред Техничкото училиште во белградската населба Железник избодел друго шеснаесетгодишно младо лице, потврдено е во МВР, јави дописникот на МИА од Белград.
Малолетниот сторител е приведен и во моментов се сослушува во полицијата.
Другото момче веднаш било пренесено во Ургентен центар и ученикот сега е во стабилна состојба.
Од Техничкото училиште соопштија дека инцидентот не се случил во самото училиште, туку во негова близина.
-Нападот се случи во близина на училиштето, на 100-тина метри и пред почетокот на наставата. И повредениот и напаѓачот се ученици на нашето училиште – велат од оваа образовна институција.
Полицијата ги утврдува околностите под кои се случил нападот.