Фото: Архива

РАКОМЕТ – СУПЕРГЛОУБ

Барселона – Фуксе Берлин (15.30 ч.) и Магдебург – Киелце (18.30 ч.) се денешните двојки од полуфиналето на 16-то издание на турнирот Суперглоуб, кој се смета за неофицијално Светско клупско првенство (СП) на Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) и кој четврти пат се игра во Дамам (Саудиска Арабија), а вторпат со учество на 12 екипи. По првата фаза, во групата А, првото место го освои најтрофејната екипа (со пет титули), шпанска Барселона, во групата Б бундеслигашот Фуксе Берлин, во групата Ц победникот во последните две години на овој турнир, актуелниот европски првак, германски Магдебург, и во групата Д полски Киелце. Финалето на програмата е утре. Во претходните две години славеше Магдебург, и тоа на дуелите со Барселона, а меѓу 24 екипи што освоиле најмалку по еден медал е и Вардар, кој двапати беше трет, во 2017 и во 2019 година.

Г.И.