Фото: Општина Битола
Денеска Битола одбележува 79 години од  ослободувањето. Во чест на прославата на 79 годишнината од  ослободувањето на Битола, во изминатите неколку дена во градот под Пелистер се одржаа бројни настани и манифестации.
Свеченостите ќе бидат заокружени со одржување на свечена академија која ќе се одржи вечерва во Народниот театар Битола, на која ќе бидат врачени највисоките, четврто ноемвриските признанија.
Добитник на највисокото признание за животно дело е новинарот во пензија на Радио Битола,  диписник на Нова Македонија и Радио Скопје, писaтeл и хроничар на Битола, Димче Миновски.
Фото: Општина Битола
Комисијата за доделување на општински признанија одлучи награди да добијат Здружението на пијанисти и музички педагози „Пијано“ Битола, потоа Јован Стефановски-научен работник, самостоен истражувач, Гордана Такец- писателка, поет, уметник, Фанче Јошевска, доктор на науки во областа на техничките науки и Народниот театар Битола.
Фото: Општина Битола
Свеченостите по повод  денот на ослободувањето на Битола, 4 ноември традиционално започнаа со крводарителска акција во општина Битола, на која вработените и граѓаните  доброволно даруваа крв.
Фото: Општина Битола
На плоштадот „Магнолија“, се одржа пинг-понг на отворено, во организација на пинг-понг клубот „Пелагонија“. Во хотелот „Премиер“, се одржа  традиционаниот шаховсиот турнир за слепи лица, на кој натпреварувачи ги одмерија силите во шаховските вештини. Во рамките на свеченостите се одржа и 31-то издание на фестивалот за документарен филм „Камера 300“.
И покрај големото невреме синоќа на Широк Сокак се одржа традициналната ноќна атлетска трка, на која учествуваа над 800 вљубеници во трчањето.
 М.М.