Повод: Вознемирувачката порака на германскиот министер за одбрана Борис Писториус дека во Европа постои опасност од војна
„Европа мора да биде во состојба да се одбрани“, предупредувачки порача германскиот министер за одбрана Борис Писториус, наведувајќи го заклучокот дека во Европа постои опасност од војна. Ова предупредување Писториус го темели на оцената дека судирите на Блискиот Исток и војната на Русија во Украина ќе имаат последици во германското општество.
– Мораме да се навикнеме на помислата дека во Европа би можела да постои опасност од војна – рече министерот за одбрана во изјава за германскиот јавен сервис ЗДФ.
Тој додаде дека Германија ќе направи сѐ за во блискоисточниот судир да не дојде до понатамошна ексалција. Подготовката за одбрана на Германија не е само декларативна, туку, како што истакнува Писториус, формиран е специјален фонд од 100 милијарди евра за Бундесверот (Министерството за одбрана), а се прават и структурни промени.
Со голема веројатност може да се очекува заострување на безбедносната ситуација, а МИ5 предупредува дека внатрешната безбедност на Британија е под закана
И во други земји на ЕУ се подигнува нивото на алармирање од засилени безбедносни закани (во вид на тероризам поврзан со миграциите, т.е. мигрантите) предизвикани од воените ескалации на истокот на Европа, Блискиот Исток, но и во Африка.
Пред неколку дена поранешниот словенечки премиер Јанез Јанша упатил јавен повик до граѓаните на Словенија да се вооружат.
– Ѓаволот ја однесе шегата. Вооружете се. Легално! – упатил јавна порака Јанез Јанша.
Образложувајќи го својот радикален став, Јанша објаснува дека „светот се промени во последната декада“ и дека „во евроатлантското подрачје главно е полошо“. Според него, западната цивилизација е поткопана однатре, во своите вредносни темели.
– Притисокот од масовните илегални миграции радикално го разорува постојниот начин на живот во ЕУ и ги зајакнува милитантните јадра во европските метрополи. Некогаш безбедните и успешни градови бележат невиден раст на криминалот. За жал, тука припаѓа и Љубљана. Со последниот упад на палестинските терористи во Израел, уште еднаш се потврди колку е важно народот да биде добро и легално вооружен – повикува мошне радикално Јанша на вооружување во Словенија, нагласувајќи дека „со голема веројатност може да се очекува заострување на безбедносната ситуација, па затоа секој има право и должност да стори сѐ во рамките на уставниот поредок за заштита на своето семејство и на татковината“.
Што се однесува на Велика Британија, сега надвор од ЕУ, силната британска разузнавачка агенција МИ5, задолжена за внатрешна безбедност на Обединетото Кралство, смета дека властите треба да бидат подготвени за тешки безбедносни турбуленции, особено на тлото на британскиот остров. Според МИ5, токму сега „заканата од тероризам во овој миг е значителна“, што значи дека многу е можен терористички напад, односно според МИ5 нападот „би можел да се случи наскоро“. Според британските разузнавачи, постојат повеќе нивоа на закана: сериозна закана значи дека нападот е мошне извесен, додека критична закана значи дека нападот е многу веројатен во блиска иднина.
– Мораме да се погрижиме британските системи да бидат сигурни и заштитени од терористички закани, како што секогаш прави Владата – рекол министерот во британската влада Роберт Халфон.
Реална закана за опстојувањето на државите и општествата во кои одат мигрантите
Хрватскиот експерт за тероризам и меѓународна безбедност Мирко Биланџиќ истакнува дека шенгенот не е суспендиран, туку е редуциран поради вонредни услови во поглед на процесите на движење на границите, предизвикан од безбедносните настани и фактот дека безбедноста е во надлежност на земјите членки на ЕУ.
– Од војната во Сирија, во 2011 година, имаме вонредни услови и пресврт по прашањето на миграциите во Европа. Миграциите имаат поинаков статус од порано, кога беа социјално и економско прашање. Сега тие се „секјуризирано прашање“, што значи дека се сфаќаат како закана за опстојувањето на државите и општествата во кои одат, што бара вонредни мерки како одговор. Сето тоа се случува во рамките на нешто што има глобализирана димензија, а тоа е политичката стратегија на политичкиот ислам, или исламизам, како и судирот на Западот и низа муслимански држави. Нивните конститутивни елементи се тероризам. Тогаш, секако дека постои објективна димензија за закана – вели Биланџиќ.
Сепак, Биланџиќ додава дека освен објективна, постои и субјективна, социјално конструирана димензија за мигрантите. Но емпириски научните и граѓански стручните анализи укажуваат дека, севкупно, „мигрантите не се терористи, но терористите потекнуваат од мигрантите“!
Методи Хаџи Јанев: Каскадни последици од воените судири
Изјавата на германскиот министер за одбрана „да се навикнеме на помислата дека во Европа би можело да постои опасност од војна“ го поставува прашањето за рефлексијата на оваа закана во регионот на Западен Балкан, т.е. прелевање на оружен конфликт кај нас, во Македонија, особено од Косово. Колку е реална оваа закана, во целиот контекст на закани од можноста за регионални конфликти?
– Многу е реална и не треба да се запостави опасноста од терористичка ескалација како безбедносна закана во Македонија, по разгорувањето на судирите на Блискиот Исток! Реалност е дека во Македонија и во регионот имаме останати ќелии на ИСИС, повратници од војната во Сирија, кои навистина се замрзнати, а немаме целосна евиденција колку се и каде се тие вратени борци од ИСИС.
Со поддршка на САД беа вратени неколку групи на борци од ИСИС во земјите од регионот (и во Македонија), со пакет-програма за нивна ресоцијализација. Колку успешно помина таа ресоцијализација е големо прашање, особено што наскоро започна ковид-кризата и некако се изгуби фокусот од тие проекти, а и евиденцијата за борците повратници од Сирија, од нашиве краишта.
Разгорувањето на судирот на Хамас и Израел мошне лесно може да ги „одмрзне“ регионалните исламистички ќелии. Исто така и во Македонија. Хамас сака да се постави како некое панисламистичко движење, и да го постигне она што не им успеа на Ал каеда и на ИСИС. Во моментов како држава немаме конвенционална закана, во смисла на загрозеност на границите на Македонија. Последиците може да бидат каскадни, во смисла на засилен мигрантски проток, тероризам, економски притисок…, кои можат да се случат и симултано. Овие потенцијални терористи, нас не нѐ гледаат како цел, но многу лесно можат да ни се случат безбедносни инциденти, дури и трагедии, каков што сметам дека беше и масакрот кај Смилковско Езеро – вели македонскиот безбедносен експерт Методи Хаџи Јанев.
Според Фишер, впечатлива паралела меѓу војните во Украина и во Газа е тоа што и двете вклучуваат борба за самиот опстанок на постојната национална држава. Но, еднакво важно, и двете потврдуваат дека сме сведоци на појавата на нов светски поредок
Од колумната на Јошка Фишер: „Свет на војни“
Не само Израел туку и САД и Европа неизбежно се вовлечени во војна