Хамас објави дека ослободил уште двајца заложници, пренесува „Ројтерс“. Веста доаѓа кога извештаите во Израел сугерираат дека е неминовен договор за да се обезбеди ослободување на уште околу 50 киднапирани со двојно државјанство.
Групата ги ослободи Американките Натали и Џудит Раанан во петокот.
– Одлучивме да ги ослободиме од хуманитарни и лоши здравствени причини… И покрај тоа, непријателот одби да ги прими минатиот петок – соопшти Хамас.
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден го советува Израел да ја одложи секоја копнена офанзива за да остави повеќе време за преговори за заложници и за испорака на хуманитарна помош во Газа, пишува американската телевизија „Ен-би-си“.
Четворица американски претставници меѓу изворите на телевизијата, нагласија дека САД не ги диктираат операциите на израелските одбранбени сили (ИДФ), признавајќи дека ослободувањето на заложниците и доставувањето помош се огромни предизвици.
– Ние помагаме да се одговори на тие тешки прашања и осигуруваме дека тие имаат јасни цели – изјави друг американски функционер за „Ен-би-си“.
– Генерално не ги коментираме приватните дипломатски разговори – изјави кратко портпаролот на Стејт департментот.