Фото: принтскрин /Твитер

Израелските одбранбени сили соопштија дека го убиле регионалниот шеф на разузнавањето на Хамас во градот Кан Јунис во јужна Газа.

ИДФ не даде други детали за нападот, вклучувајќи го и името на високиот член на Хамас или каде се случил нападот.

Израелската војска, исто така, објави серија видео снимки на кои се прикажани напади во Појасот Газа, вклучително и оној чија цел е висок член на Хамас и тунелите што ги користат терористите на Хамас и одредот за лансирање ракети.