ФОТО: Влада / Архива

Претседателот на Совет на Европа, Шарл Мишел, во обраќањето на Самитот на Берлискиот процес, што се одржува во Тирана, поконкретно се задржа неговиот прелог даден на самитот во Блед околу проширувањето на ЕУ во следните две децении.

Тој кажа дека е дојдено време ова ветување да се одржи и ги увери лидерите дека нема да чекаат толку долго и дека нема да бидат разочарани.

– Проширувањето е инвестиција во мирот и просперитетот и на ЕУ и на нашите идни членки. Оваа можност ја промовира нашата соработка со земјите од Западен Балкан. Вашето патување започна пред 20 години, но сепак беше бавно, сега знаеме дека дојде време да го одржиме ова ветување. Овој рок е дочекан со скептицизам во вашиот регион бидејќи толку долго чекавте – рече тој.

Мишел притоа потсети на изјава на албанскиот премиер Еди Рама.

-Знам дека Еди го спореди со невестата која никогаш не доаѓа на свадба, но ние ќе ја направиме оваа свадба. Нашиот план е сериозен за иднината на ЕУ. Не дозволувајте духовите од минатото да ви пречат во вашата иднина, порача Мишел.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја покажа намерата на унијата да му овозможи на Западен Балкан пристап до заедничкиот европски пазар.

-Поради оваа причина го претставив планот за раст. Сакаме да им овозможиме пристап до заедничкиот европски пазар. За ова ни требаат реформи во Западен Балкан и оние кои имаат волја за реформи ќе добијат средства од Европската Унија. Тоа е стимул за оние кои навистина сакаат да одат напред. Нашите врати се отворени, па ајде да работиме на ова напредување со овој план за раст, рече меѓу другото Лајен.

Таа во својот говор се задржа и на конфликтот во Украина и Израел.

-Какви приказни видовме на нашите екрани. Каква моќна порака е овој Самит денес. Ова е десетти пат да се сретнеме, а првпат тоа се случува во регионот. Ти (Еди Рама) објасни дека сме сведоци на страшна војна која Русија ја започна со својата агресија во Украина. Видовме и страшен терористички напад на Хамас во Израел, убивајќи жени, мажи, деца, повеќе од 1.400 луѓе станаа жртви на агресија и само затоа што се Евреи. Во овие времиња ни требаат најдобри можни пријатели. Затоа, ајде да работиме заедно за да станете дел од Европската Унија“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен.