Претседателот на Русија, Владимир Путин, денес повтори дека Русија не ја започнала војната во Украина, туку започнала „специјална воена операција“ во обид да ја запре војната.
Тој исто така нагласи дека Москва не организирала државен удар во Киев во 2014 година, пренесе „РИА Новости“.
Во својот годишен говор пред клубот за дискусии „Валдаи“, кој се одржува во Сочи, Владимир Путин порача дека Русија, најголемата земја во светот по површина, нема потреба да зема територија од Украина.
– Западот, ја изгуби својата хегемонистичка моќ и отсекогаш му требаше непријател, тие изгубија контакт со реалноста – истакна Путин.
Тој кажа дека Запад ја предизвика војната затоа што САД хегемонично се сметаат себеси за единствен арбитер на целата планета.
Тој додаде дека западните лидери го изгубиле „чувството за реалноста“ поради „колонијалното размислување“ на Вашингтон, стои во објавата на „РИА Новости“
Путин праша какво право имаат САД да држат предавања на која било друга земја.
Тој оцени дека на западните елити им треба непријател и како што кажа, борбата против него може да биде објаснување за проширување и зачувување на контролата во одреден систем.
Рускиот претседател кажа дека Русија била, е, и ќе биде основата на светскиот систем, подготвена силно да се спротивстави на оние кои ги промовираат принципите на диктатура и насилство.
– Мултиполарниот свет ќе победи – заклучи Путин.