Здрава храна
Бадемите се богати со витамини и минерали, а во помали количества и здрави масти. Пред сѐ, тие се многу вкусни! Но, пред да ги јадете, оставете ги натопени во вода прекуноќ. Постојат неколку причини зошто е добро да ги натопите бадемите во вода прекуноќ – од вкус до зголемена хранлива вредност.
Натопените бадеми се многу повкусни од сувите, што ќе забележите ако ги пробате откако ќе останат во вода само 20 минути.
Главната причина лежи во фактот што оваа практика го намалува количеството на полифеноли и киселини во лушпата од бадемот, што може да ја намали апсорпцијата на некои хранливи материи. Особено чувствителните луѓе може да имаат дури и цревни проблеми поради внесување големи количества полифеноли (кои, меѓу другото, ги има и во чајот).
Од влажните бадеми, телото подобро ќе ги апсорбира сите хранливи материи и тие ќе бидат посварливи од вообичаено. Освен тоа, кога се натопени, бадемите почнуваат да ’ртат, што значително го зголемува нивното количество на хранливи материи.
Бадемите можете да ги чувате во вода 20 минути или неколку часа, но најдобро е 24 часа. Во стаклена тегла со капак ставете приближно 250 грама бадеми и покријте ги со топла вода. По 12 часа сменете ја водата и оставете ги во теглата уште 12 часа. Теглата можете да ја чувате во фрижидер. Пожелно е и да додадете едно-две лажичиња сол по промената на водата.