Еден училиштен час трае 45 минути наместо 60 минути, а за да разбереме зошто тоа е така треба да се вратиме назад во времето. Пред 1911 година, во тогашна Прусија, која опфаќала многу области на денешна Германија, училишниот час траел 60 минути. Наставата се одвивала наутро и попладне, пишува списанието „Феникс“.
Имало долга пауза помеѓу наставните блокови за време на која многу деца си оделе дома.
Оваа регулатива предизвикала критики: децата морале двапати да одат на училиште, попладне не можеле да помогнат дома или да им помогнат на родителите, а навечер биле целосно исцрпени.
Истражувањата исто така покажаа и дека 60-минутниот циклус ги уморува децата. Затоа, истражувачите препорачаа пократки училишни часови. Прускиот министер за образование Август фон Трот цу Солц одлучи наставата на училиште да трае само 45 минути.
Со скратени наставни единици сите предмети можеа да се префрлат за претпладне, а децата имаа слободно попладне. Оваа 45-минутна училишна лекција не е променета до денес – 112 години подоцна.