Успешно е реализирана манифестацијата Октомвриски Музички Поход – БЕЛА НОЌ 2023 од страна на здружението за културна мотивација КУЛТИ ВАТОР од Скопје во соработка и со поддршка од ЈУ Универзална Сала, Министерството за култура и Градот Скопје минатата сабота на локацијата на популарната Школка во Градскиот Парк каде беше преполно со посетители во текот на 8-те часа изведби и забава.
На истиот настан настапија скопските музички групи Педро Хоризонте, Димиш, Занаду и Стефан Петановски Бенд како и диџеите Чарли, Раста Грл, Јаска.
Настанот се одржува втора година по ред и има тенденција да стане традиционален музички хепенинг за промоција нс свежата, авторска и македонска музика од разни жанрови, кој би се случувал секоја есен.