1. Комшијата Ристо, кој неодамна се доселил во зградата, има седум миленици, од кои половината се кучиња. Како е можно тоа?
Одговор: Сите миленици се кучиња.
2. Лекарот ти пропишал пет таблети и ти рекол да пиеш по една на половина час. За колку време ќе ги потрошиш сите таблети?
Одговор: Ќе поминат два часа.
3. Како од броевите 4, 4, 4 и 9 на крајот ќе добиеш резултат 10, користејќи ги основните математички формули?
Одговор: (4 х 9 +4) : 4 = 10
4. Постои едно место на светот каде што ветерот дува кон југ, а потоа одеднаш почнува да дува кон север, иако не го сменил правецот. Кое е тоа место?
Одговор: Јужниот Пол
5. Во паркот има неколку празни клупи. Доаѓаат група девојчиња. Ако на секоја клупа седне само по едно девојче, тогаш едно од нив нема да има своја клупа. Ако на секоја клупа седнат по две, тогаш една клупа ќе остане празна. Колку има клупи, а колку девојчиња?
Одговор: Има три клупи и четири девојчиња.