На шест светлосни години оддалеченост од нас, откриена е “Супер-Земја“ која орбитира надвор од нашиот соларен систем. Супер-Земји се планети чија маса е поголема од онаа на нашата планета, но не толку голема како гигантската маса на Уран, што е 14 пати поголема од масата на Земјата.
Новооткриената Супер-Земја орбитира околу Бернардовата Ѕвезда, помала и постара ѕвезда-џуџе на оддалеченост од шест светлосни години од нас.
Астрономите изјавија дека по истражување долго речиси две децении, тие се 99 проценти сигурни дека егзопланетата постои. Планетата е надвор од зоната погодна за живот, на растојание од својата ѕвезѕда наречено “снежна линија“, кадешто шансата за постоење вода во течна форма и живот не е можна.
– Имаме декади вредни информации и знаење кои се на наше располагање. Прецизноста на новите мерења продолжува да се подобрува, отворајќи ги вратите на нови откритија и согледувања на вселената – изјавува д-р Пол Батлер од Карнеги институтот за наука.
Научниците сакаат да соберат повеќе информации за да го потврдат постоењето на планетата, и велат дека оваа егзопланета би можела да биде одлична мета НАСА да ги тестира своите најнови технологии и телескопи за проучување на вселената.