Започна протестот пред Влада за случајот на Клиниката за онкологија, а демонстрантите на асфалтот пред Влада со црвена боја испишаа „убијци“ и оставија отпечатоци од дланки. Ечат свирчиња и труби. Демонстрантите скандираат „Убијци“, „крадци“ , „оставки“.
Групата демонстранти се собра пред владината зграда со транспаренти на кои се испишани пораки: „Колку вреди човечкиот живот“, „Убијци“, „Монструми“, „Убивате за профит“, а бараат и оставки.
Протестот се случува по информациите дека се крадела терапија од клиниката наменета за болните од рак, која, наводно, завршувала на црниот пазар. Основното јавно обвинителство поведе предистражна постапка за случајот.
Протестот од пред Влада продолжи пред Јавното обвинителство каде граѓаните со црвена боја напишаа „Соучесници“.