Сигурно многупати сте посегнале по облеката од машината за перење алишта очекувајќи нешто меко и нежно, а посегнувате по куп груба ткаенина, која е многу цврста и непријатна за носење.
Големи се шансите дека користите премногу детергент за перење. Иако детергентот ќе ги исчисти нечистотиите и дамките, сепак на крајот ќе создаде нов проблем. Имено, остатоците од детергент што не се добро исплавени ќе предизвикаат алиштата да бидат груби на допир и ќе ве гребат при носењето.
Премногу детергент ќе создаде многу пена во машината, поради што делови од алиштата ќе се „залепат“ едни на други, па нема добро да се исперат.
Количеството детергент што треба да го додадете варира помеѓу брендовите, но имајте на ум дека задниот дел од вашето шише може да препорача да користите повеќе од две лажици по полнење.
Две лажици се доволни за професионална машина што може да собере околу 12 килограми алишта или една лажица детергент за просечна машина што може да собере околу осум килограми алишта. Некои производители на детергенти ќе лажат на етикетата, меѓутоа запомнете, тие продаваат производ и сакаат да купите повеќе од него.