Во изминатите недели бевме сведоци на интересен феномен што го зафати кинематографскиот свет. Станува збор за случајот „Барбенхајмер“, интернет-феномен што брилијантно ја опишува вревата што се крена по одлуката два првично сосема различни филма да одат истовремено во дистрибуција, „Барби“ и „Опенхајмер“.
Но во заднината на овој филмски дуел се одвиваше уште една интересна приказна – приказната за неочекуван наслов што го привлече вниманието на пошироката јавност. Станува збор за филмот „Сауд оф фридом“ или „Звукот на слободата“, чие сценарио и режија ги потпишува Алехандро Монтеверде.
Заплетот на филмот е заснован на шокантна вистинска приказна за трговијата со деца. Патувањето го води главниот лик длабоко во колумбиската џунгла, каде што тој го става својот живот на раб за да спаси невини жртви.
Филмот наиде на голем одзив кај публиката и во исто време доби голем број позитивни критики.
Шокантно, разорно, потресно… Ова се само дел од описите поврзани со искуството од гледањето на филмот „Саунд оф фридом“.
Филмските критичари, сепак, пронајдоа некои недостатоци во него, карактеризирајќи го како солиден трилер што треба да се гледа без религиозни и политички конотации.