КОШАРКА – ЕП ЗА КАДЕТИ ВО СКОПЈЕ
Машката кадетска репрезентација на Македонија (до 16 год.), по претходниот пораз од Словенија доживеа нов (46-75), овој пат од Летонија на Европско првенство (ЕП), кое се одржува во Скопје, и е пред голем предизвик да избори опстанок во елитната дивизија А.
Вчера беше слободен ден, а денеска македонските надежи ќе играат за пласман од 13-то до 16-то место на ЕП, но ќе мора да ги добијат следните два натпревара. Прв ривал во СРЦ „Кале“ ќе им бидат Израелците (16 ч).
Четвртфинални резултати: Италија – Германија 75-56, Франција – Грција 86-72, Словенија – Шпанија 79-82, Србија – Литванија 63-66.
Полуфинални двојки (денеска): Италија – Франција (18.30 ч.) и Шпанија – Литванија (21 ч.). Дуелите се играат во СЦ „Борис Трајковски“. Г.И.