Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова во авторски текст за „Расиска газета“ наведува дека одамна е познато дека Украина е еден од светските лидери во црната трансплантација.
Текстот на Захарова го објави руското Министерство за надворешни работи на својата веб страна.
Таа наведува дека Украина вади човечки органи од живите и убиените на бојното поле и ги продава на црниот пазар на клиенти во земјите на ЕУ и НАТО.
Според Захарова во Украина незаконски се ваделе органи од мртвите тела уште во доцните 90-ти години од минатиот век, а ситуацијата се влошила од 2014 година по соборувањето на претседателот што го поддржуваше Кремљ.
Постојат докази дека во јуни 2023 година, претставници на Министерството за здравство на една од земјите на НАТО се договориле со украинската страна за испорака на вагон-ладилник за човечки органи и делови од телото.
Таа тврди дека се тргува со рожници на очите, коски, сврзни ткива, срца, бубрези и црн дроб. Според Захарова срцата се продаваат за околу 21.000 фунти, а бубрезите за околу 11.000 фунти.
Киев не ги коментираше наводите на Захарова.
Исто така ниту една независна меѓународна организација не ги потврди изјавите на Захарова.
Захарова и во мај ја обвини Украина за илегална трговија со човечки органи.