Состанокот на министрите за животна средина од земјите-членки на Г20, чиј домаќин беше Индија, заврши без да се постигне договор за некои точки, особено за намалување на емисиите на јаглерод, јавува Анадолија.
Министрите кои доаѓаат од 20-те земји кои емитуваат околу 80 отсто од гасовите кои предизвикуваат глобално затоплување, не успеаја да постигнат договор за четири од 68 точки презентирани на состанокот во градот Ченај.
Во објавениот документ за резултатите, беше забележано дека земјите не успеале да се договорат за „план за намалување на емисиите на јаглерод со прифаќање на 2025 година како врв на емисиите“.
Се додава дека земјите од групата Г20 не се договориле ни за нивните планови да се свртат кон чисти извори на енергија.
„Не постигнавме консензус, но се согласивме за многу работи“, рече канадскиот министер за животна средина Стивен Гилбо во соопштението за печатот по средбата.
Откако министрите ќе им ги пренесат одлуките на лидерите на земјата, се планира во септември во Њу Делхи повторно да се разговара за некои прашања и цели.