Билансот на жртвите од катастрофалните шумски пожари во Калифорнија се искачи на 31 лице, откако властите соопштија дека се откриени телата на уште шест локални жители. Властите стравуваат дека конечниот број на загинати може да биде поголем, бидејќи 228 лица и натаму се водат за исчезнати.
Американските медиуми пренесуваат дека околу 250.000 лица добиле наредба да се евакуираат за да го избегнат пожарот, а семејствата очајнички трагаат по над сто лица, кои исчезнаа откако градот Парадајс во северна Калифорнија беше целосно опустошен во повеќедневната огнена стихија.
Противпожарните екипи се борат против два пожара на краевите на Калифорнија – еден на север, во округот Бут, а вториот е околу Лос Анџелес и Малибу, каде што се пронајдени две тела во изгорен автомобил. Истовремено, екипите се борат и против опасни ветришта кај Санта Ана, врели и суви ветришта во внатрешноста на земјата, кои го поттикнуваат ширењето на пожарот. Станува збор за еден од најголемите пожари во Калифорнија, при што се уништени над 6.700 куќи, меѓу кои и една болница во Парадајс, град со 27.000 жители.