Риби кои живееле во близина на одводот на нуклеарната централа Фукушима во мај содржеле нивоа на радиоактивен цезиум 180 пати поголем од дозволената граница во Јапонија.
Вкупно 44 риби со нивоа на цезиум над 100 бекерели на килограм биле пронајдени во пристаништето на нуклеарната централа Фукушима во периодот од мај 2022 до мај 2023 година, соопшти најголемата јапонска енергетска компанија Тепко.
Во Тепко е откриено дека црната „камена“ риба уловена на 18 мај имала 18.000 бекерели на килограм цезиум 137, наспроти законското максимално ниво од 100 бекерели по килограм.