Во петтото коло од натпреварот на Светското првенство за шахистки, предизвикувачката Леи Тингџи ја победи актуелната шампионка Ју Венџун, откако рано ја искористи иницијативата, а тоа беше и прв дуел во кој едната шахистка имаше чиста предност, пишува Светската шаховска федерација (ФИДЕ). Во динамична игра, Тингџи успеа да оствари повеќе простор низ таблата и имаше поголема контрола во центарот. Шестата партија, вчера, заврши со реми, по што Тингџи води со 3,5-2,5.
Преостануваат уште шест партии, а сега, по шестата, шахистките се селат од Шангај во Чонгкинг. Натпреварот се состои од 12 партии класичен шах (90 минути за првите 40 потези, потоа уште 30 минути за остатокот од мечот, плус зголемување од 30 секунди по секој потег, почнувајќи од првиот). Во случај на нерешено по 12 партии, ќе следуваат дуели со забрзано темпо на игра. Наградниот фонд е 500.000 евра, од кои 300.000 евра за победникот, а 200.000 евра за второпласираниот, а ако мечот се реши по дополнителните партии, победникот ќе добие 275.000 евра, а второпласираниот 225.000 евра, пишува ФИДЕ.