„500 дена од војанта во Украина“
Обединетите нации потсетија на цивилните жртви од војната во Украина, која трае веќе 500 дена.
– Денеска одбележуваме уште една темна пресвртница во војната која продолжува да зема страшни жртви – рече Ноел Калхун, заменик-шеф на мисијата за набљудување на човековите права на ОН во Украина.
Повеќе од 9.000 цивили, вклучително и над 500 деца, се убиени од почетокот на војната, а експертите предупредуваат дека реалната бројка е далеку поголема.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го посети остров во Црното Море чии бранители му пркосеа на рускиот воен брод на почетокот на конфликтот.
– Денеска сме на Змискиот остров, кој окупаторите никогаш нема да го освојат, како и цела Украина, бидејќи ние сме земја на храбрите. Сакам да му се заблагодарам на секој наш војник од овде, од ова место на победа, за овие 500 дена – рече Зеленски.