Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан рече дека неуспехот на шведските власти да го спречат палењето на Куранот на протест во земјата предизвикува загриженост за безбедноста и поставува прашања за тоа колку таа е квалификувана да стане членка на НАТО.
Фидан рече дека Турција сепак ќе и даде зелено светло на Шведска да се приклучи на воената алијанса доколку Стокхолм ја „заврши својата домашна задача“ и продолжи со напорите за решавање на прашањата што ја засегаат Турција.
– Tоа што шведскиот безбедносен систем не беше способен да ги спречи провокациите и што претставуваше слика на држава која носи проблеми во НАТО, наместо сила, не наведува да размислуваме за стратешките и безбедносните аспекти – рече Фидан.
Стравувајќи дека би можеле да станат цел на Москва по рускиот упад во Украина минатата година, Шведска и Финска побараа прием во НАТО.
Сепак, кандидатурата на Шведска е блокирана од Турција, која ја обвинува дека е попустлива кон групите кои Анкара ги смета за безбедносна закана.
Турција е незадоволна поради серијата демонстрации одржани во Шведска од приврзаниците на Курдската работничка партија (ПКК), која е забранета во Турција, како и од протестите на кои беше запалена светата книга Куранот.