ХОКЕЈ
Легендата на англиската фудбалска Премиер-лига, Петр Чех, се приклучи на хокеарскиот клуб Оксфорд сити старс како нов голман за сезоната 2023/2024, пишува „Би-би-си“. Поранешниот голман на Челси и на Арсенал пораснал играјќи јуниорски хокеј на мраз во Чешка пред да почне да тренира фудбал, а до неговото фудбалско пензионирање, тој играше за Гилдфорд и за Челмсфорд, пишува „Би-би-си“. Неговиот нов клуб игра во третото ниво на британскиот хокеј на мраз. Чех (41) одбрани два пенала на своето деби во Националната лига во хокеј на мраз во Велика Британија.
– Навистина сум возбуден за новото поглавје со Оксфорд сити старс. Јасно е дека Оксфорд има големи амбиции и се надевам дека ќе можам да им помогнам во тоа – изјави Чех за клупската интернет-страница, пренесе „Би-би-си“.
Клубот беше заинтересирани за потписот на Чех во минатата сезона, но нивниот состав веќе беше полн со голмани и со небритански обучени играчи, пишува „Би-би-си“.
– Не е само нашиот тим што ќе има корист од доаѓањето на Петр Чех. Очекувам позитивно влијание од ова потпишување за нашиот спорт како целина, заедницата и градот. Со својата магнетна личност и непоколебливата посветеност на враќањето, Чех ќе ја инспирира следната генерација играчи за хокеј на мраз во Оксфордшир и пошироко – рече шефот на хокеарските операции на клубот, Шејн Мур.
Чех држи голем број фудбалски рекорди, вклучувајќи најмногу мечеви без примен гол во една сезона во англиската Премиер-лига и најмногу такви натпревари во историјата на натпреварувањето, а тој е, исто така, единствениот играч што ја освоил „златната ракавица“ во Премиер-лигата со два клуба, пишува „Би-би-си“.