Почина 47-годишната жена што беше тешко повредена во сообрајката во тунелот кај Демир Капија.
– Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на местото на настанот и ќе нареди сообраќајно вештачење за да се утврдат причините на несреќата. Наредена е и обдукција на починатата 47-годишна жена – возач која била сама во автомобилот – велат од Обвинителството за МИА.
Претходно, од СВР Велес потврдија за МИА дека денеска во 8.40 часот на автопатот А1, кај тунелот Т1 на делницата Гевгелија – Неготино, патничко возило „фолксваген“ со неготински регистарски ознаки, управувано од 47-годишната Т.П.П., изгубило контрола и излетало од патот.