На 48-то Генерално собрание на акционери на Заваровалница Триглав беа назначени двајца нови членови на Надзорниот одбор
На 48-то Генерално собрание на акционери на Заваровалница Триглав акционерите го
поддржаа предлогот на Управниот одбор и на Надзорниот одбор за исплата на
дивиденда од 2,5 ЕУР бруто по акција. Го разгледаа Годишниот извештај за 2022-ра
година, го потврдија и одобрија работењето на Надзорниот одбор и Управниот одбор за
2022-ра година и назначија двајца нови членови на Надзорниот одбор, претставници на
акционерите
На денешното 48-мо Генерално собрание на акционери на Заваровалница Триглав, акционерите го усвоија предлогот на Управниот одбор и на Надзорниот одбор, за исплата на дивиденди да одвојат 56,8 милиони евра или 2,5 евра бруто по акција, што изнесува нешто повеќе од 50% од нето добивката на Групацијата Триглав за 2022-ра година и претставува дивиденден принос од 7%. Дивидендата ќе им биде исплатена на акционерите, кои ќе бидат регистрирани во книгата на акционери на друштвото во вторник, 20-ти јуни, 2023-та година (првиот ден на тргувањето без право на исплата на дивиденди е понеделник, 19-ти јуни, 2023-та година). Андреј Слапар, Претседател на Управниот одбор на Заваровалница Триглав, изјави: „Им благодарам на акционерите за нивната доверба. Што се однесува до исплатата на дивиденди, задоволни сме што по годините обележани со последиците од пандемијата, повторно можеме да ја спроведеме дивидендната политика на начинот на кој што ја зацртавме. Ова значи дека нејзиното спроведување е одржливо во поглед на растот, развојот и финансиската стабилност на Групацијата Триглав, и воедно е атрактивна за нашите акционери.“
Акционерите го разгледаа Годишниот извештај на Групацијата Триглав и на Заваровалница Триглав за 2022-ра година и го потврдија и одобрија работењето на Управниот одбор и на Надзорниот одбор за 2022-ра година. Тим Умбергер и Моника Крамер Манхем беа назначени за нови членови на Надзорниот одбор, претставници на акционерите.
На Годишното собрание на акционери беше одобрен извештајот за надоместоци на Заваровалница Триглав за 2022-ра година, додека, пак, предлог одлуката за политиката за надоместоци на Заваровалница Триглав не беше усвоена. Политиката за надоместоци се применува во Заваровалница Триглав и е во согласност со законските регулативи, но не е целосно усогласена со овогодинешната верзија на препораките на акционерите на SDH, објавени по свикувањето на Годишното собрание на акционери на Заваровалница Триглав.
Препораките ќе бидат разгледани до следното редовно Собрание на акционери на Заваровалница Триглав.
Комерцијална објава