Веќе две недели трае акцијата за доброволно предавање на оружјето, кое според српското МВР ги надминало сите досегашни акции.
Од МВР наведуваат дека меѓу предадените оружја се и оние кои потекнуваат од 19 век, Првата и Втората светска војна. Тие посочуваат дека веќе се работи на нови законски решенија со кои се занемарува фактот дека проверките на лицата со дозволи за поседување оружје, наместо претходните пет години, ќе се вршат на секои шест месеци, пренесе „РТС“
Одговорните од МВР на Србија за „РТС“ велат дека до саботата до 19 часот се предадени 33.427 парчиња оружје, од кои 26.094 огнено оружје, околу 6.333 мини и експлозиви и повеќе од 1.319.00 парчиња муниција.
Меѓу предаденото оружје, најчесто се предавале пиштолите.
Од МВР истакнуваат дека кога станува збор за нелегалното оружје, било предадено дури и она што потекнува од Првата и Втората светска војна.
– Имаше и оружје од 1847 и 1907 година, англиски револвери, систем за водење противтенковски ракети, стап на кој се закачуваа 4,6 килограми експлозив – велат од МВР за „РТС“.
Тие потсетуват дека нема да има законска одговорност за граѓаните кои до 8 јуни доброволно ќе го предадат оружјето кое што го поседуваат, без разлика дали имаат или немаат дозвола за него.
– Граѓаните немаат никаква потреба да се легитимираат. Тоа се прави само кога станува збор за легално оружје на починатиот сопственик. Во тој случај мора да се издаде потврда за задржување на оружјето до завршување на оставинската постапка – велат од МВР.
Од српското МВР посочуваат дека оние на кои ќе им биде пронајдено оружје по овој период ќе одговараат законски.
Министерството за правда на Србија работи на изготвување на нов закон со кој ќе одговара секој поединец кој дозволува малолетник да биде во контакт со оружје или да го обучи да го користи, а исто така чести контроли предвидени се и за стрелачките полигони.
– Сегашните закони не ја одредуваат најниската возрасна категорија за престој во стрелиштата, туку тоа било земено здраво за готово и оставено на совеста на секој родител – велат од МВР.