Српската полиција уапси 19-годишник од Пирот поради сомнение дека му се заканил на професорот во гимназијата каде што учел, дека ќе донесе бомба.
М.А. е осомничен дека му се заканил на професорот дека ќе донесе бомба во училиштето и „ќе реши сè“, откако тој го предупредил да се грижи за отсуствата.
Полицијата извршила претрес во неговиот стан, но не пронашла експлозивни направи или оружје.
На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава е спроведен во Основното јавно обвинителство Пирот, соопшти денеска пиротската полиција.
Утрото беше уапсен малолетник од Суботица, ученик во гимназијата „Светозар Марковиќ“. Tој во разговор со училишниот психолог рекол дека не размислувал да направи масакр како оној во училиштето, туку размислувал такво нешто слично да направи во близина на градинка. Исто така било откриено и дека на интернет истражувал како се прави бомба.