Во присуство на бројни гости, членови на семејството на Али Фети Окјар, на Турската амбасада, вечерва во ГБ „Борка Талески“ во Прилеп, се одбележаа 80 години од смртта на прилепчанецот Али Фети Окјар, извршител на бројни функции во Турција, меѓу кои и премиер на модерната држава.
Според Хасан Мехмет Секизќок, амбасадор на Турција, со манифестацијата Али Фети Окјар се вратил во Прилеп, и тоа ќе значи продлабочување на соработката.
На одбележувањето присуствуваше и внукот Али Фети Окјар, професор на Истамбулски универзитет, кој не го криеше задоволството што може да помогне да се говори за неговиот дедо во Прилеп.
За ликот и делото на Али Фети Окјар говореше историчарот Рубинчо Белчески, од прилепскиот Завод и Музеј, координатор на проектот, при тоа додавајќи дека се планира и изложба за Али Фети Окјар.
Градоначалникот Борче Јовчески истакна дека Прилеп ќе му се оддолжи на Али Фети Окјар, или со спомен соба или со име на улица. На манифестацијата се говореше и за македонско турската книжевност и култура. Ка.М.