Одредени полуфиналните двојки за Купот на Македонија

РАКОМЕТ

Алкалоид – Вардар и Еурофарм Пелистер – Пролет се двојките за полуфиналето на Купот на Македонија во ракомет за мажи, реши ждрепка влечена во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ). Во женска конкуренција во полуфиналето ќе играат Вардар – Ѓорче Петров и Металург – Куманово. Завршните турнири во Купот на Македонија во двете конкуренции на програмата се во Охрид од 11 до 13 мај. Актуелни победници се Вардар и Металург.


КУП НА МАКЕДОНИЈАПОЛУФИНАЛЕ, МАЖИ

Алкалоид – Вардар
Еурофарм Пелистер – Пролет
двата меча се на 11 мај
ПОЛУФИНАЛЕ, ЖЕНИ
Вардар – Ѓорче Петров
Металург – Куманово
двете средби се на 12 мај
финалињата во двете конкуренции се на 13 мај