Украинскиот претседател Володимир Зеленски повтори дека Киев не стои зад наводниот напад врз Кремљ, откако Русите ја обвинија неговата земја за неуспешен обид за атентат врз Владимир Путин.
– Ние не го напаѓаме Путин или Москва, ние се бориме на наша територија, ние ги браниме нашите села и градови – изјави Зеленски од Хелсинки.
– Немаме доволно оружје за ова … Не го нападнавме Путин. Тоа го оставаме на судот – додаде тој.
Зеленски смета дека Путин ја обвини Украина за нападот затоа што бара начин да го мотивира својот народ бидејќи не постигнува победи.