Пратениците од Левица на 2 мај поднесоа барање до Претседателот на Собрание за автентично толкување на член од Законот за плати и други надоместоци за именувани и избрани лица.
„Со одлуката на Уставниот суд, со која платите на функционерите се покачија неверојатни 78 проценти, цениме дека забуната е настаната при некоректно толкување на членот 11 од Законот за плата и другите надоместоци на избрани и именувани лица во Републиката.
Односно, Министерството за финансии во циркуларна порака до буџетските корисници, им наложува формулацијата „просечна исплатена месечна плата” да ја толкуваат како бруто-плата по работник?! Но, подоследна интепретација на оваа фраза е таа да се толкува дека истата се однесува на нето-плата по вработен од ланската година, според податоците на ДЗС – при што, во овој случај ќе стане збор само за “одмрзнување”, а НЕ и за зголемување на функционерските плати“, соопшти Левица.
Од партијата бараат ваквата законска норма да се однесува на нето, а не на бруто-плата на вработен.
Левица бара партиите да ја поддржат нивната иницијатива и Парламентот да почне да работи во интерес на сите граѓани.
И ВМРО-ДПМНЕ има политичка волја да поддржи системско решение кое би се однесувало на намалување на коефициентите за пресметување на плати на функционерите, изјави денеска пратеникот од оваа партија Антонијо Милошоски.