Рускиот портал Медуза објави дека организацијата Национална републиканска армија (НРА) презеде одговорност за убиството на блогерот Владлен Татарски.
– Организиравме и спроведовме акција на 2 април 2023 година, против група З-активисти и лично против познатиот воин и воен пропагандист, воениот злосторник Максим Фомин, познат како Владлен Татарски. Овој чин го подготвивме и го извршивме самостојно и немаме никаква поврзаност ниту сме добиле помош од странски структури ниту од специјални служби – се наведува во пораката објавена од НРА.
Организацијата тврди дека нивната акција не била насочена против „мирните цивили“ и дека сите жртви на нападот биле поддржувачи на руската војна против Украина.
НРА ги повика руските активисти за човекови права да и помогнат на Дарија Трепова, за која властите се сомневаат дека го извршила нападот. Тие, исто така, ги повикаа Русите да се спротивстават на режимот во Кремљ на сите нивоа, „до негово целосно уништување“.
НРА претходно презеде одговорност и за убиството на Дарија Дугина, ќерка на идеологот Александар Дугин.
Загинатата Дарија Дугина ги следеше стапките на татка си во идеолошката борба против Западот
Окружниот суд во Москва претходно го одобри барањето на Обвинителството за притвор на Трепова, која беше приведена по експлозијата во која беше убиен Татарски. Трепова се товари за тероризам и недозволено тргување со експлозив. Таа во притвор ќе биде до 2 јуни.