Перуанската полиција запленила 2,3 тони кокаин во складиште во најголемиот залив во Перу, Ел Калао, во близина на главниот град Лима.
Дестинацијата на таа пратка била Турција, а товарот бил лажно пријавен како керамички плочки.
Кокаинот бил прицврстен за гумени листови за да личи на керамички плочки и бил ставен во дрвени кутии во бродски контејнер.
Претставник на локалната полиција соопшти дека тоа е првиот евидентиран случај дестинацијата на дрогата од Перуанскиот залив да е Турција.
– Обично внимаваме на пратките што одат со брод до Белгија, Холандија, Шпанија и Франција – додаде тој.