По повод 21 март, Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, денеска во просториите на Млади Хаб, Здружението за помош и поддршка на лица со Даунов синдром „Трисомија 21“ – Скопје, изложи мозаици кои беа изработени во неколку работилници од членовите на Здружението.
Мозаиците се изработени од парчиња од керамички плочки и од хартија во боја.
– Со оваа изложба уште еднаш сакаме да покажеме дека и овие лица може да се изразуваат преку уметноста и да се рушат стигмите за можностите на овие лица, посочуваат од „Трисомија 21“.